СРЕДБА СО ТИШИНАТА: прот. Александар Шмеман
Великиот пост, во својата суштина, не е ништо друго освен повик до секој од нас да се запознаеме себеси, да се задлабочиме во себе, да погледнеме во својата душа и совест. Одеднаш, макар и накратко, да навлеземе во тишината. Затоа што Великиот пост е таа тишина од која сме целосно лишени во современиот свет. Не физичка, туку духовна тишина.