За родољубието
Спротивно на православната етика е делењето на народите на подобри и полоши, како и омаловажувањето на било кои етнички и граѓански нации. Особено спротивни на Православието се учењата кои нацијата ја поставуваат на местото кое Му припаѓа на Бога, или оние кои ја девалвираат верата на еден од аспектите на националната самосвест.






Како и во обичната војна, ѓаволот, пред сè, се грижи да ги погуби војсководците, т.е. пастирите на Црквата, за полесно да ги покори другите Христијани. Без добар и разумен пастир, луѓето се како залутани овци. Затоа непријателот на човековиот род подига злобни луѓе кон добриот пастир, за луѓето да го клеветат и да не ги примаат неговите поуки.
Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата, кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него – омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи нѐ да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.


Многумина ги сметаат како свети и бестрасни оние што имаат лажни добродетели и добри особености, кои ги покажуваат само надворешно, а кои се всушност исполнети со неправда, завист, пакост и со смрдеа на сластите, затоа што не им е чисто духовното око, за да можат да ги познаат по нивните плодови; а оние кои живеат во вистинска побожност, кои се украсени со добродетели и имаат чисто срце – кои се навистина свети,
На 15.09.2017 година, ученици од училишта во тетовско заедно со вероучителот ѓаконот Илија Деспотовски го посетија Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во седиштето на Тетовско-гостиварската епархија. Во оваа пригода им беа донирани ранци и училишен прибор. Митрополитот г. Јосиф им посака успешна и благословена учебна година.
Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент.
Ако твојот брат, потпаднат под тешко искушение, постојано лошо говори за тебе, ти остани со љубов кон него и не дозволувај му на лошиот дух мислата твоја да ти ја помрачи. Само, доколку го благословуваш и доколку му правиш добро – ти по злото нема да појдеш и ќе се спасиш.Таков е Христовиот пат, патот на љубовта, ако по него одиш – со Него вечно ќе живееш.
Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја – заштитничката на градот Скопје.
Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака.
На 10 септември 2017 година, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент, изврши осветување на новоизградената црква „Светите Кирил и Методиј“ во Велес.
На 11.09.2017 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф го преосвети храмот на свети Јован Крстител во Кратово и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината (Јован 1,6-8). И затоа сега Свети Јован има таква слава, слобода и сила, да им дарува радост на оние што за неговиот величествен подвиг со молитва и љубов си спомнуваат.
























