Св. Исак Сирин - За крсниот пат и маките во овој живот
Не му доличи на христијанинот удобно да живее и световно да се радува. Исто така, не треба лицето да ти се помрачува, ниту да сметаш дека не постојат маки на Божјиот пат. Зашто, Неговиот пат отсекогаш и во сите поколенија се среќавал со крст и смрт. И зошто ти мислиш дека удобно можеш да го изминеш патот Божји?







4. Кога раната е уште нова и топла, таа лесно се лекува; застарените и занемарените рани тешко се лекуваат. Тогаш за нивното исцелување потребен е голем труд, сечење, измивање и горење. Многу рани во текот на времето стануваат неисцеливи, „но за Бога сè е можно‘ (Матеј 19, 26).
Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил.
До моментот на доставувањето на иконата во Североморск, таинствениот круг почнал да се претвора во живописен Венец кој виси на Крстот. Чудото на појавувањето на неракотворниот Трнов Венец Христов на светиот Крст е очигледен за сите и радоста од таа чудесна Божја милост ја чувствува секој кој се моли пред таа икона.Денес, таа икона се наоѓа во храмот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во градот Североморск.
Акo си мoќeн, спoрeд Нeгoвo дoпуштањe си мoќeн. Акo си вo друштвo на луѓe, ти си вo друштвo на oстанатитe Нeгoви гoсти. Акo си вo прирoда, вo Нeгoвата градина си. Акo си вo самoтија, Oн e присутeн. Акo билo кадe тргнeш, Oн тe глeда. Акo билo штo направиш, Oн памeти. Oн e највниматeлниoт Дoмаќин кај Кoгo ти кoга билo си гoстувал.

Молитвата бива различна, зашто едно е да Му се молиме на Бога со нерасеана мисла, а сосем друго, да стоиме на молитва со нашето тело, а мислата да ни биде расеана. А, исто така, едно е да одбираме кога ќе молиме, односно откако ги завршиме разговорите и работите во врска со овој свет, а сосем друго да ја претпоставуваме молитвата над сè друго, над сите светски грижи, да постапуваме според зборовите на апостолот,

Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме. Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите.
Ние мора да вежбаме со пост, бдеење, повлекување, и созерцување за Писмото, како активности кои се подредени на нашата главна цел, чистота на срцето – која е љубовта, и не смееме да ја нарушуваме оваа основна доблест за доброто на другите. Ако оваа доблест остане цела и неповредена во нас, ништо не може да ни наштети,

Што претставува схоластицизмот и зошто нанесува штета на ‘’живата’’ методологија која ја спознаваме во текстовите на Светите Отци? Терминот схоластичка теологија произлезе од школите на манастирите, каде веќе од 9 век започнаа да се негуваат богословските науки. За да може да се учи школска теологија, требаше прво да се завршат претходни студии, наречени trivium (реторика, граматика, дијалектика) и quadrivium (аритметика, геометрија, астрономија и музика).
Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос. Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење. Тоа што слепите ќе прогледаат, значи: слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет; а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал.
Откако децата заминаа, таа плачеше речиси еден час. Од тој ден таа престана да им предава на децата. Наместо тоа, почна да ги учи. Таа особено му обрнуваше внимание на Марко. Како работеше со него, така тој живнуваше. Колку повеќе го поттикнуваше, побргу напредуваше. На крајот на годината Марко стана еден од најдобрите ученици во одделението. Според тоа што не ја кажа вистината дека подеднакво ги сака сите деца, Марко стана нејзин најомилен ученик.
На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес
























