Бадник во Охрид (06.01.2020)
Подготви се, Витлееме, отвори се за сите, Едеме, украси се Ефрате, зашто дрвото на животот во пештерата процвета од Дева; нејзината утроба се покажа мисловен рај, во кого е Божественото дрво, од кое јадејќи ќе живееме, а нема како Адам да умреме. Христос се раѓа, за да го обнови порано паднатиот образ.