С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Андреас Лударос: Изгубената сериозност на Православието
Во овој момент на целата планета постојат петнаесет Православни цркви. Ако ги исклучиме четирите древни Патријаршии (Константинопол, Александрија, Антиохија и Ерусалим) Кипарската црква, сите останати влегуваат во истиот кош. Тие се „ќерки“ на Константинопол. Русија, Србија, Романија, Бугарија, Грузија, Грција, Полска, Албанија, Чешка и на крај Украина, за првпат во Константинопол „заплакаа“ како автокефални цркви и нивните