Ретроспектива (2005-2020):СВ. ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на неговото служение, проповедта е трубата на неговото слово и творештво. Неговата проповед е образец за сите времиња и места – по својата библиска основа, православно расветлување и народен дух. Во древност, не случајно било наредено, во некои Источни Цркви, да се читаат соодветни проповеди од свети Ефрем непосредно по читањето на светото Евангелие