Најмнoгу бeда и нeмир навлeкувамe на сeбe сo тoа штo сакамe штo пoвeќe да сe oсeтимe и прeпoзнаeмe вo oвoј живoт. Кoлку пoвeќe eдeн чoвeк сe пoвлeкува oд свeтoт, кoлку пoчeстo духoвнo гo набљудува oвoј свeт какo да пoстoи бeз нeгo и кoлку пoсилнo сe задлабoчува вo мислата за свoјата нeпoтрeбнoст на oвoј свeт, тoлку пoвeќe ќe стoи пoблиску дo Бoга и ќe има пoдлабoк душeвeн мир.
Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл а нe прoрoкoт, и сeга Oн гoвoри, а нe нeкoј друг. И да гo oправда Свoјoт прoрoк какo Свoј вeрeн слуга, та никoј да нe мoжe да кажe: прoрoкoт лажнo гoвoрeл. И така прoрoцитe ѝ служeлe на славата на Христа Гoспoда и Гoспoд Христoс ги прoславил Свoитe прoрoци, Свoитe вистински слуги.
Непроценлива е ползата од Светата Литургија, од спомнувањето на имињата на упокоените итн. Се разбира, ова им користи само на оние кои се покајале, кои покажале знаци на некои добродетели, но заради невниманието, негрижата и одолговлекувањето немале време да го замесат добродетелниот леб. Преку изобилието на Божјото милосрдие, црковните молитви, молтвите на поединците..
Значи, божествените зборови на оваа молитва ги изнесуваат во почетокот свештените Отци наши (Макариј, Дијадох, Варсануфиј ...), но, не ги смислија сами од себе, ниту по свој ум, туку одозгора зедоа за себе почеток, односно од самото Божествено Писмо и од тројцата врховни апостоли Христови. Подобро кажано, ги примија и ни ги предадоа нам, како некое наследство кое им слезе одозгора – од Отецот Небесен.
„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна“ (кондак на Утрена во Неделата од петта седмица од Великиот пост).
Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да не се лажеме самите себе со некакво „земно царство“. Секако, страдањата прифатени со смирение и благодарност кон Бог ќе ни ги донесат и утехата на Светиот Дух и предвкусот на Царството Небесно, уште сега и овде.
Ете, си поминал покрај мало дете, си поминал лут, со грд збор, со огорчена душа; и можеби не со го ни забележал детето, но тоа тебе те видело и твојот лик, грд и зол, можеби остана во неговото незаштитено срце. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби веќе со тоа фрли лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе прорти, и сето тоа зашто не се воздржа пред детето, зашто во себе немаш одгледано внимателна и делотворна љубов.
Покајанието е договор со Бог дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирението. Тоа е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудна мисла и грижа за себе, без грижа за споредните работи. Тоа е ќерка на надежта, откажување од безнадежноста.
Знаев дека тоа е плод на неговото крајно смирение, кажано кога толку многу ќе се приближиш до Бога, па ја гледаш својата дребност застанат пред Неговата големина поширока од небесата, поголем од секој простор што нашиот ограничен ум може да го замисли, постар од секое време што можеме да го изброиме... Сепак, се убедив да го препрочитам неговото веќе подзаборавено житие.
Често пати нашите молитви ги завршуваме со обраќање кон Богородица: „Немаме друга помош освен тебе Владичице, на тебе се надеваме и тебе те фалиме. Не дозволувај да се посрамат твоите слуги!" Со овие зборови, Црквата се обраќа кон онаа која по благодатта Божја се нарекува управителка на целиот свети и заштитница на секоја христијанска душа.
Многумина со двоумење ги поставуваат прашањата: „Зошто патот кон небесното Царство е толку тежок?“ и „Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?“ На овие и слични прашања христијанинот треба секогаш да одговара дека тоа Му е угодно на Бога. Нашиот Бог е премудар и го љуби човековиот род; Тој знае што да прави со нас. Ако навистина сакаме да бидеме
На ист начин и светот има свои мамки и ги уловува луѓето. Тие се привлекуваат од светскиот дух и паѓаат на неговата измама.
Светското мислење е болест. Како што човекот избегнува некоја болест, така треба да го избегнува и светското мислење во сите негови манифестации. Да се оттуѓи од духот на светскиот прогрес, за да напредува духовно, да биде здрав духовно и да се радува со ангелска радост.
Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.
Има брачни парови кои живеат многу добродетелно и достигнуваат светост.
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си