Албанската Православна Црква потрошила околу 10 милиони евра за обнова на 63 цркви од 1991 година (08.03.2020 )
И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.