Излезе од печат ново издание на православното списание „Премин“ (16.05.2016 )

Нашето барање преку усрдност и молитва, преку ревносно служење на Бога и престојување во Него, претставува само обично тропање пред вратата на Бога. Неговите патишта се мошне разновидни и несознајни. Човекот е должен да тропа со труд, вера, пост и молитва. Само да тропа обично и просто, еднаш, двапати или повеќепати, па да застане и да чека.









Во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на пророкот Еремија.






































