Викарен Епископ Јаков Стобиски: Со Крвта Негова ние се оправдавме
Навистина, Бог е праведен, но не остана докрај доследен на Својата праведност. Го испрати Својот Единороден Син, Кој грев не стори и лага не се најде во устата Негова, да биде понижуван и камшикуван, и плукан, и исмеван. А како да не беше доволно понижување што се облече во нашата трулеж, на крајот умре за да можат да живеат оние што Го убиваат...