Какo Бoг пуштил мана oд нeбoтo и гo нахранил израилскиoт нарoд вo пустината? Така сe прашуваат oниe кoи имаат малку пoим за мoќта на Сeмoќниoт Бoг. И уштe сe чудат заштo сe случуваат такви чуда, та цeлиoт нарoд да пoвeрува вo Бoга. Нo, Израилцитe сo oчитe видeлe бeзбрoј чуда Бoжји, а сeпак нe пoвeрувалe.
Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на неговото срце.
Трудете се да го достигнете овој дар. Овој дар е вистинска љубов, спасение и мир за светот. Не
Немаме храброст да се осознаеме себеси. Немаме храброст да го осознаеме Христос. Зошто? Минуваат часови, денови и години во трчање и грижа, многупати и за бескорисни работи. Нашето срце не може да се смири а немирот станува трајна состојба на нашето битие. Многу пати не можеме без метежот а присуството на тишината нè излудува.
Заштo и Eвангeлиeтo и искуствoтo на нарoдoт eднoгласнo пoтврдуваат дeка никoј бeз гoлeми маки и жалoст нe гo oставил гoлeмoтo и кoриснo дeлo на зeмјата ниту пак сe прoславил на нeбeсата. Акo, пак, твoјoт живoтeн пат e сиoт навлажнeт сo пoт и сoлзи за дoстигнувањe на правдата и вистината, радувај сe и вeсeли сe, заштo навистина гoлeма e твoјата награда на нeбeсата.
Според светите отци, брате Јоване, смирението има многу мајки: еден од светите отци сфатил дека смирението се раѓа од вистинското познание на себеси; други велат дека смирението се раѓа од мислата за смртта и за Страшниот Суд. Свети Јован Лествичник вели дека патот кон смирението – тоа е телесниот труд, послушанието и чистото срце, а Свети Исак Сирин вели
Отец Виргилиј Георгиу, по потекло молдавец, запишува во неговиот календар, дека кога имал 15 години, му се пожалил на својот татко – свештеник, за своето име Виргилиј, дека нема ниту еден светител закрилник со тоа име.
Татко му му објаснил дека Виргилиј бил познат поет, и дека ако сака, може тој самиот да стане светител,
Смирението е толку голема добродетел, што самото без други добродетели може да ни ги отвори вратите на Царството Небесно, како што е речено: „Покајанието ги подига паднатите, плаче пред небесните порти, а светото смирение ги отвора“. Смирението – тоа е единствената добродетел која не можат да ја подражаваат демоните. Тоа е источник на самопонижување што го штити човекот од паѓање.
Токму тој висок критериум недостасува кај нашиот религиозен народ, кој се поистоветува себеси со Православната Црква, без да живее според таа вера, и без да има чиста вера кон Бог. Да не се збуни некој, религиозен и православен не се истозначни термини. Токму религиозните луѓе, кои имаат некаква површна вера, кои се само на почетокот од црковниот живот, се занимаваат со скандали.
Оние што сакаат да се соединат со Христа, и преку Исуса Христа со Бог Отецот, знаат дека тоа соединување станува во Телото Христово кое е нашата Света православна црква. Тоа соединување не е со Божјата суштина, туку со Христовата обожена човечка природа. Соединувањето со Христос не е само надворешно, ниту просто етичко.
СЛЕПЧЕНСКО-ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2021 г.
16 – 20 јули 2021 г.
ТРЕТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Манастирот „Св. Јован Претеча“ Слепче и културната
историја на Македонија во времето на XVI и XVII век
Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.
Светите Апостоли не служеле во посебни свети сосуди, туку во сосуди што им се наоѓале при рака. Ние, денес, ако тие не се од сребро и не се осветени, не сакаме ни да ги погледнеме.
А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување и да допуштиме Божјото Слово и Светиот Дух да се вселат во нас, зашто, според зборовите на светиот апостол Павле: „Се е од Него, преку Него и во Него". Амин!