Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Божествена Литургија во манастирот „Светите Четириесет Севастиски маченици“ во Банско (24.03.2019)
На 22 март 2019 година, на денот на чествувањето на светите Четириесет Севастиски маченици, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Четириесет Севастиски маченици“, во с. Банско, Струмичко. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.