МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА
Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гордеам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, затоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги расипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува животот.