Дојди додека си млад
Пред извесно време на интернет страните се вртеше едно видео, во кое еден босански лекар, на хумористичен начин, ја опиша навиката на нашите луѓе да одложуваат сѐ за во последен момент. Тој вели: „Ми доаѓаат луѓе три дена пред смртта и ме прашуваат, што да правам. А јас им велам: па посипувај се со земја и навикнувај се на смртта“.