Преподобен Варсануфиј Оптински: За Исусовата молитва
Исусовата молитва се дели на три или четири степени. Првиот степен – усна молитва, кога умот често бега и човекот мора да вложува голем напор за да ги собере расеаните мисли. За оваа молитва е потребен труд, но истата на човекот му дава покајничко расположение. Вториот степен е умносрдечната молитва, кога умот и срцето, разумот и чувствата се едно; тогаш молитвата се извршува непрестајно, без разлика што и прави човекот – јаде, пие, одмора – молитвата си тече.