Старец Михаил – Икона на Богородица: „Сладкое Целование“
Нè воведе прво во старата црква (во скитот има три цркви). Не доведе пред познатата икона на Мајката Божја, позната под името „Сладкое целование“ („Сладок целив“). Иконата е чудотворна по сила и прекрасна по својата уметничка убавина. На ниту една друга икона, Мајката Божја не изгледа толку бледа, како на таа стара икона.