Потрес во Црквата
Црквата никогаш не била без духовни потреси. Од апостолско време, па сѐ до овие „последни времиња“, никогаш немало мир и стабилност, туку секогаш излегуваат разни информации за злоупотреби, неморал, разни скандали од редовите на свештенослужителите. Од дванаесетте ученици на Господ, Јуда се полакомил за пари, бил освоен од среброљубието, и го продал Господ за пари. Петар, иако бил многу ревносен и близок ученик на Господ, сведок на многу чудесни настани, сепак, од страв и срам се откажал од Господ, и тоа три пати.