Докторе, како да го воспитам син ми да биде арамија?
Безобѕирност. Поедноставно: бесчувствителност. Денес е реткост да се налета на човек со осет за другиот. Бесчувствителноста станува веќе главна работа на оној општествен дрил што се вика образование: ефикасно образование денес подразбира да се произведе човек способен да се „излакта“. Знаењето е во втор план, снаодливоста златни врати отвора. Тоа со гордост го викаме „амбициозен млад човек“. Дрскоста ја викаме храброст, а невоспитаноста – иницијативност.