„Едно е да се зборува за Бог, а друго е да се зборува со Бога“
Колку и да правиме надворешни подвизи, ако немаме едноставност на умот и смирение во срцето ќе останеме без учество во Благодатта. Духовната промена се случува од внатре кон надвор, а не обратно. Со менување на надворешното однесување или навики без промена на умот и срцето не постигнуваме ништо.