Светата Причест – извор на здравје или извор на болест (30.08.2020)
Веќе две илјади години, од Тајната Вечера (Мат. 26, 26–28; Марко, 14, 22–24; Лука, 22, 19–20; 1 Кор. 11, 23–26) до денес, христијаните се причестуваат на ист начин – од еден Леб и од една Чаша, како што стои во текстот на Литургијата на свети Василиј Велики. Токму на овој факт се темели единството и единственоста на Црквата. Црквата не е установа, која претходно постоела на основа на догматски и на други премиси, па потоа дополнително одлучила дека е потребно и полезно да служи Света Евхаристија.