БEСEДА за втoрoтo дoаѓањe на Гoспoда
свети Јован Лествичник - Поука (31.03.2018)
Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра. Никој од оние, кои треба да плачат за своите гревови, да не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето.
Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на св.Петка, Скопје (30.03.2018)
Алeксиј Чoвeк Бoжји Гo вoзљуби Бoга пoвeќe oткoлку свoитe рoдитeли, и жeната и бoгатствoтo. Сeдумнаeсeт гoдини тoј пoмина какo прoсјак далeку oд дoмoт на свoитe рoдитeли и други сeдумнаeсeт пак какo нeпoзнат и прeзрeн прoсјак вo рoдитeлскиoт дoм сè заради љубoвта Бoжја. И милoстивиoт Бoг oдгoвoри сo љубoв на љубoвта:
Избор од богослужбите во Скопје (16-26.03.2018)
Гoлeми христијани сe oниe кoи имаат гoлeма љубoв кoн Христа. O какo навистина билe гoлeми христијани бoгoнoснитe oтци и мачeници! Вo нашe врeмe за мнoгумина тoа нe e мoжнo ни да сe прeтстави. Eвe штo eдeн oд нив, св. Симeoн Нoви Бoгoслoв, испoвeда вo свoјoт манастир прeд ситe мoнаси. Гoвoрeјќи oд свoe искуствo за тoа какo на нeгo сe oбистинилe збoрoвитe Бoжји: “Мoјoт јарeм e благ и брeмeтo мoe e лeснo”,
Старец Порфириј- За молитвата (29.03.2018)
Гледајќи го вашиот труд, Бог дарежливо ви ја дава Својата благодат, вам и нему. Но, притоа мора да бидете мртви за себе. Го разбравте ли ова? Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно.
На 30 / 17 март го славиме споменот на Свети Алексиј човек Божји
Откако му се поклони на овој лик Алексиј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестајно молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица. Кога таму се прочу како богоугодник, се уплаши од човечката слава и замина оттаму, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.
Дванаесетгодишниот Михалис на Света Гора
Михалис (Пиреа) има дванаесет години. Тој е роден на Крит и живееше во Рим, до таа година. Неговата мајка Корина, по потекло од Пескани и неговиот татко Думитру е од Бреила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Габриел. Сите се помали од него. Михаил му помагаше во олтар на епископ Силуан (Шпанија) во Рим Италија во време кога имаше одвај пет години, и кога ги виде родителите Продромус- Даниил и Герасим, се разгори силно во него стремежот кон Бог и одлучи да се пресели на Атон.
Воспитување на момче-Татјана Шишова
Што конкретно пречи во современото општество на востановување на машкото начело? Мене ми се чини дека тоа пред сè е усмерувањето на хедонизам. Основното усмерување на потрошувачкото општество. Ако општеството има потреба од «идеален потрошувач», ако жедта за наслада е во главата на аголот, тогаш во склад со тоа, во човекот со бујни бои расцветува егоизмот, индивидуализмот и инфантилизмот.
Излезе од печат „Великиот покаен канон“ на свети Андреј Критски (29.03.2018)
Деновиве, во Неделата на света Марија Египетска, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат „Великиот покаен канон“ на свети Андреј Критски, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свеште-номаченици“, Струмица.
Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија...
Капка (29.03.2018)
Од каде протече во овој свет ,
Или од кого се изли безшумно,
Дали си последица на гревопадот,
Или си радосница на оној кој е свет?
Последниот акатистен поздрав кон Пречистата
Во исчекување на светите и благодатни денови на сечесните Страданија Христови и на Неговото сесвето Воскресение, монашкиот наш собор, умножен со верните кои ревносно ги поминаа снежните навеви за да земат удел во оваа небоземна пофалба, ѝ ги упати последните акатистни поздрави на Сепречистата Владичица наша Богородица во оваа Света Четириесетница.
А. Тарковски: „Верата е единственото нешто што може да го спаси човекот“ (2)
Ако зборуваме сериозно, во тој филм ми успеа целосно да го разоткријам моето разбирање на светот од страна на современиот човек. Но, од уметничка страна, „Носталгија“ ја ставам над „Жртвопринесување“, бидејќи тој не е изграден врз развој на некаква идеја или тема. Неговата единствена цел е поетскиот образец, додека „Жртвопринесување“
Чудо во Киево-Печерската Лавра
Во тоа време кивотите со моштите на светите биле отворени, без стакла. Монахот кој ја предводел екскурзијата одел напред со запалена свеќа, а по него оделе Германците со електрични фенери во рацете. Главниот командантот носел и револвер во раката. Околу кивотот на преподобниот Спиридон Просфорник, кој се упокоил пред 800 години,...
Најважно е каде е насочена волјата на човекот
Сакаш ли да се родиш за духовниот свет? Господ тропа на вратите на секоја душа. Нè повикува во храмот. Сака да нè спаси. Сè ни дава за животот, и не толку за земниот, колку за вечниот. Тој нѝ допушта страдања, за да можеме да размислиме што ќе се случува во идниот век.
Свети Игнатиј Брјанчанинов: За помошта
Кога си во невоља, не барај помош од луѓето. Не губи си го драгоценото време и не исцрпувај си ја силата на душата твоја во барање на таквата слаба помош. Очекувај помош од Бога, на негов знак, во вистинско време ќе се појават луѓе и ќе ти помогнат.
Старец Епифаниј за сексот пред брак
„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.
„Пет минути“ пред инаугурацијата на Претседател, човекот е само еден обичен граѓанин без никаква моќ, но „пет минути подоцна“ ја има моќта да ја разреши Владата и да го распушти Парламентот.
Св. Серафим Саровски : За душевниот мир
Знак за духовен живот е вдлабочувањето на човекот внатре во себеси и тајниот труд во неговото срце. Божјата благодат го осенува тој човек и тој отпрво е во состојба на мир, а по тој пат стигнува до небесна состојба; во мирна состојба, т.е. со чиста совест; а пак во небесното, кога неговиот ум ја созерцува во себеси благодатта на Светиот Дух, според Божјото слово: Неговото пребивање – (беше) на Сион…(Пс.75:3)
Св. старец Паисиј Светогорец: Секоја професија може да биде осветена
Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.
„Ослободи се...“
Општесвената слобода, и слободата национална и слободата државна и слободата интернационална, без ослободување од самиот себе си, се само заводливи и лажни имиња на различни зандани и разновидни кафези.
Ослободи се од самиот себе си и ќе биде надвор од сите затвори и сите кафези "
Израз (23.03.2018)
Не може да се верува
на оној кој не се познава себеси,
па макар за него да се зборува
дури до небеси.