Ретроспектива (2005-2020): Света Тајна Крштение, Миропомазание, Причест
Крштението е Света Тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе, кој бил унакажан од гревот. Исто така, преку крштението се влегува во Црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5).