Ретроспектива (2005-2020):„ Воздвижение на Чесниот Крст“ (5)
Со векови на денот на Воздвижението, односно Воздигнувањето на Чесниот Крст, архијереите, стоејќи среде црквата, окружени од мноштвото свештеници, го издигале Крстот високо над главите на соборот на верни, додека хорот во тоа време громогласно пеел „Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…”