о. Горан Стојчевски: ПОВЕСТ
На едно место Христос укорувајќи ги фарисеите за нивното лукавство и грев на нерасудување, им вели: Тешко вам, водачи слепи, кои велите: Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?






Современиот човек живее со технологиите. Во денешно време, систематската дигитализација на сè изгледа дека плени многу луѓе. Кој не е фасциниран од „паметната“ технологија? Дебатата за вештачката интелигенција е толку интересна што некои се оптимисти, а други песимисти.
Господ му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените ...



Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта
„Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, доведувајќи ги во недоумица со таа цврстина, своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.































