За светата Богојавленска вода (18.01.2024)
Водата како принцип на животот, како символ на судот и смртта, како средство за очистување – сите овие три основни димензии на водата како религиозен символ се поврзани со три основни акценти на христијанската вера: создавањето, гревопадот, искупувањето. Целиот свет, водата како дел од него, човекот како негова „круна“, се создадени од Бога првобитно добри во својата суштина.