Пасхално слово на светиот отец наш Јован Златоуст, архиепископ Константинополски
Кој стигнал дури во единаесеттиот час, нека не се плаши поради доцнењето: зашто овој прекрасен Господар го прима последниот како и првиот, го одмара оној кој дошол во единаесеттиот час исто како и оној кој работел од првиот час. И последниот го милува и првиот го вселува; и на оној му дава и на овој му дарува; и делата ги прима и намерата ја целива; и трудот го цени и приносот го фали.