РЕТРОСПЕКТИВА 2005-2020: АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ
Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, настанатиот вакум бара да биде пополнет со нешто, а човекот ги прифаќа оние сурогати кои му ги нуди светот што го опкружува.