Ретроспектива (2005-2020): Интервју со архимандритот Захариј од манастирот на свети Јован Крстител во Есекс (27.07.2008)
Денес луѓето се оптеретени со мислата како да создадат коректни и успешни односи меѓу себе. Но, тајната се крие во молитвениот подвиг на Јаков, кој го испроси Божјиот благослов. И тогаш неговиот брат Исав, кој тргна со војска за да го погуби, се покаја и го прегрна. Прво, треба да Го убедиме Бог дека сме Негови, а потоа треба да ги убедиме и срцата на луѓето околу нас.