Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – III дел
Патот на твојот живот е отворен. Ти избираш како да мислиш. Можеш да се оттргнуваш од својот крст, да врескаш, да сакаш да си заминеш, да хулиш.. Крстот да ти стане причина за конфликт, упорност и бунт. Тоа е твое право. Но, ако крстот ти стане причина за единство – да се соединиш со самиот Крст и со Оној Кој е на него – тогаш душевните својства Христови, особините на Неговиот карактер, ќе се пренесат и на тебе.