Старец Јосиф - Исихаистички сведоштва (извадок)
Бараш благодат од Бога?
Наместо благодат ти допушта искушенија!
Не ја издржуваш борбата и паѓаш?
Нема да добиеш додаток на благодатта!
Повторно бараш?
Бараш благодат од Бога?
Наместо благодат ти допушта искушенија!
Не ја издржуваш борбата и паѓаш?
Нема да добиеш додаток на благодатта!
Повторно бараш?
Затоа што, првата светлина, како дар Божји, ни е дадена за согледување на сопствените гревови и страсти, да се видиме себеси, а не другите. Таа светлина ни е доволна и ни се дава во таа мера во која ни е потребна. Значи, таа светлина ни е дадена нам и е силна само кога е насочена кон нас, а својата сила ја губи кога ја пренасочуваме кон другиот.
Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир.
Поголем благослов имаат оние кои даваат отколку оние што земаат. Во општеството во кое секој сака да заработи, се појавува човек кој сака да дава сѐ што поседува… „Богатството стекнато со добронамерност и милостина е големо; со давање се добива и со споделување се доаѓа до разбирање“, како што рече Св. Јован Златоуст. Голема вистина! Значи ова е нешто што ја докажува вистинитоста на ваквата логика.
„Според богомудрите и апостолски зборови во Посланието на Источните Патријарси знаеме дека "самиот црковен народ е чувар на православната вера и предание". Немојте да се случи тој сѐ уште верен Божји народ еден час да дојде до тоа денешните Епископи да не ги признава повеќе за носители и чувари на апостолско-светоотечката вера, како што тоа православниот народ знаел да го прави многупати во својата крстоносна историја
Кога ме обзема занес до солзи
И ми навира порив да пеам и опевам
Ти си таму, ти си тука
Кога мирис на липа, багрем и јоргован
Го преплавува градот
На само едно место може да се најде изворот на вистинското учење, кое доаѓа од Самиот Бог, ненамалено преку вековите и секогаш свежо, останато едно и исто во сите оние кои вистински го учат, водејќи ги оние што го следат, во вечно спасение. Ова место е Православната Црква на Христос, изворот е благодатта на Сесветиот Дух, и вистинските учители на Божественото учење, што извираат од овој извор, се Светите Отци на Православната Црква.
Пред две години, по случај смртта на преподобниот старец Емилијан Симонопетриски,
го запишав кажувањето на старец Јосиф, за неговата блискост со светиот Ефрем Катунакиски,
и како Бог му открил дека молитвата на старец Емилијан има сила
како онаа на свети Василиј, сега ќе се надоврзам на тоа.
Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.
И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која било расправија, има и такви што не ја почитуваат слободата на другите и сакаат, по секоја цена, да го наметнат своето мислење – без оглед на неговата исправност.
"За починатите не треба да чувствуваме тага,зашто тие се живи.Тоа се луѓе кои живеат во духовниот свет,каде нема димензии, луѓе кои стојат пред Христос.Сите сме живи во Христа,а ако тоа не го разбирате така,тогаш не одиме во иста Црква,но секако ќе го разберете на последниот суд."
Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците.
За да може да се служи Тајната Божествена Литургија, Господ на апостолите и нивните наследници им ја подарил „Силата со која тоа ќе го прават“, односно Светиот Дух. „Во тоа е делото на слегувањето на Светиот Дух. Бидејќи, Тој не слезе само еднаш за потоа да нѐ напушти, со нас е, и така ќе биде засекогаш... Тој преку рацете и зборовите на свештеникот, ги осветува Светите Тајни“ (Св. Никола Кавасила).
Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се разликуваат два моменти: прво, периодот од педесет дена после Воскресение, кога се славеле повеќе настани поврзани со Христовиот живот на земјата, и второ самиот ден Педесетница, кога се славел споменот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Во вториов случај, заедно со Слегувањето на Светиот Дух се славело и Вознесението Христово. Одделувањето на овие два празници се