Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос
Тропар, глас 1.
Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти. (3-пати)