Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 11:1-45
Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта.
2. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.
3. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.”
4. Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.”