Ава Доротеј: За лагата
Постојат три различни лаги. Постои лажливец во мислите, постои лажливец во зборовите и постои таков што лаже со самиот свој живот. Лаже во мислите оној што прима предрасуди за другите. Тој гледа дека некој разговара со својот брат и почнува да претпоставува, говорејќи: „Тој зборува за мене“. И ако го прекинат разговорот, повторно се сомнева дека разговорот го прекинале заради него.