Се одржа добротворната манифестација за доизградба на Бигорскиот скит „Свв. Кирил и Методиј“

Среде сета таа атмосфера на непријателство, протести, незадоволство, хотел Континентал вчера беше сведок на еден силен позитивен бран што се излеа од неговите ѕидови и испрати силна порака на љубов, вера и надеж за подобра иднина. Присутните на манифестацијата имаа прекрасна можност да бидат дел од чудесниот и преисполнет со радост и љубов амбиент, да се запознаат со она што во нашите две светилишта се прави...






Во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на пророкот Еремија.










































