Митрополит Струмички Наум: АВТОНОМИЈА КАКО ЦРКОВНА АНОМАЛИЈА (20.03.2016)
Самиот ’статус на автономија‘ на една Црква, како што ја замислиле претставниците на Меѓуправославната подготвителна комисија, е само една еклисијална (црковна) аномалија, која се темели на две еклисиолошки ереси или теолошки погрешни учења, кои ги препознаваме во точките А и В од нивните заклучоци. Да ги разгледаме теолошки, поединечно, па ќе дадеме и наш заклучок за негативните црковни последици од така замислената „автономија“.