Воскресија Х. : И сега што?
Ама ајде да бидеме автентични, тоа што реално сме, без маски, со сите болки што ги носи нашиот внатрешен човек… Оти Бог нè сака токму такви какви што сме, сака да Му дозволиме да влезе во нашиот живот и да нè изгради, да направи од нас она што најдобро ни стои, тоа што би можеле да бидеме. Единствено што Му треба е нашата согласност. Како Богородица: „Нека биде! Нека ми биде според волјата Твоја!“ Или само: „Еве ме, Господи!“