СИНАКСАР- Сиропусната недела
Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа ì е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адама, светите отци сакаат и нам да ни