НОТАЦИЈАТА - ИМА ЛИ НЕШТО ДА НАУЧИМЕ ОД НЕА ЗА САМИТЕ НАС?
Можеме ли да претпоставиме дека одреден вид нотација може да открие нешто за нас? Верувам дека позитивниот одговор на ова прашање не е без причина.
Знаеме дека нотацијата е еден вид на писменост, преку која едно музичко дело „го живее својот вечен живот на хартија“. Меѓутоа, како и секое нешто создадено од човекот, во себе крие нешто од цртите на нејзиниот творец.