ПРЕОБРАЖЕНИЕ ВО МАНАСТИРОТ СВ. БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО
Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 19. август 2020. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спомнува на Преображението на Нашиот Господ и Спасител Исус Христос на гората Тавор; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
„Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот.“