Македонската света Лидија, сотрудник во основополагањето на првата црква на европскиот континент
Преданието вели дека домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.