Старец Клеопа: Четирите духовни оружја
Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“;