ФОТОГАЛЕРИЈА: Како помина заедничката литургија во Скопје на која СПЦ објави признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА
Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од Соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.
По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.