Што е тоа чудо? Ние живееме во свет кој функционира според одредени физички закони, па како чудо обично ја дефинираме онаа појава што е вон рамките на истите. Но, ако за момент ни се просветли умот и подразмислиме, ќе сфатиме дека самото постоење, самиот свет претставува едно големо чудо. Според христијанскиот светоглед, овој свет не настанал сам по себе, туку е
На 20.09.2021 година, во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначлствуваше со Празничната вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
Вечерната молитва беше проследена со литија низ централното градско подрачје.
Таа, Која била духовно достојна да стане Христова Мајка морала да биде родена од тие, кои и самите биле духовно достојни, за да станат нејзини родители.
Следователно на тоа, празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка и Нејзините благочестиви родители.
Тропар, Глас четврти:
Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зошто од Тебе изгреа Сонцето на правдата- Христос, Бог наш; рушејќи ја клетвата ни даде благоспол; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.
Телесниот човек сака сѐ според телото; бара одмор, сака пофалби, не сака да го навредуваат, не прифаќа да му ја отсекуваат волјата, се штити себеси и бара сѐ што е за успокојување на неговото тело.
Душевниот, пак, не сака да онеправдува, ниту сака да биде онеправдан. Не осудува, ама и не сака да го осудуваат.
Ние секогаш кога калкулираме со нашите работи кажуваме вака: ”Ех, два дена постев сега, уште еден ли? Јас одам да се причестам, среда и петок постам и доста е толку! Еден ден постев и ќе се причестам, доста е за оваа година, догодина пак!” Тоа се изворно изјавите на нашите ,,христијани”. ,,Тие секогаш прават некаков есап – ќе донесат зејтин, крпичка, ќе постат два дена, ќе се причестат и тие се “раздолжиле” со Господа,
Во понеделник, на 20.09.2021 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Исус Христос на небесата“. Во него тој напишал:
„До мојот пресладок Исус“.
Со зборовите „освети ги со Својата вистина“ (Јован 17:17) – објаснува св. Кирил Александриски – Христос „јасно укажува на потребата од восприемање на вистината преку просветлување со вистината. Причината за тоа е што никој не може да дојде до познание на вистината без просветлување од Духот, ниту да ги усвои точно Божествените догми – се
Пеевме во тоа време и растевме чекајќи го денот и сонцето на слободата. Не дека не бевме слободни де, ама набилданиот патриотизам од крајот на осумдесетите ни будеше револуцинерен дух дека може и послободни да сме. Го чекаа сонцето и живееја чекајќи и оние кои се бореле за слобода на Македонија во втората светска војна и оние кои го мразеа системот но, не и татковината.
И тогаш молња блесна во храмот, и Богородица се појави пред Марија во блескава облека. Пречиста и се обрати со зборовите:
»Радувај се, Марија! Ти избра да се лишиш од своите очи заради љубовта кон Мојот Син и Мене, затоа твоите очи нека бидат целосни и нека не ти дојде друго такво искушение.«
Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат луѓето приземјени и неспособни да одговорат на небесниот повик постојано упатен кон нив и да врват по Христос, каде и да оди.
Не се одвраќај од мене валканиот: бидејќи Те имам Тебе за единствена утеха во мојот живот, О Дево Маријо Богородице, и се дрзнувам само Тебе во секоја мака да Ти прибегнувам: не ме напуштај, туку и во овој живот и во часот на мојата смрт дојди ми на помош, моја Помошничке, бивајќи победителка над засрамените мои непријатели, кои се ништожни пред Тебе, Господарке и Посредничке на моето спасение. Амин.
Луѓето создадоа навика за црно размислување, и јас секогаш нагласувам дека треба да се бори против негативното и веројатно ги иритирам оние што не го сакаат оптимизмот. Нормален човек го сака животот и луѓето. Ме нервира одбивањето на некои луѓе да ја прифатат оптимистичката страна на животот, желбата да останат во омраза, што тие избираат да шират негативни пораки и негативна енергија. Не можеш така подобро да се чувствуваш.
За „Ковид“ зборува сиот свет. Не постои дом во кој не се слушаат коментари, ден а да не се спомне името на овој вирус, или да не зборуваме за пандемијата што го сврте светот наопаку. Ке вклучиш ТВ или радио, или само сакаш да направиш некое пребарување на интернет, а од некаде на страницата те потсетуваат за „Ковид 19“. По сѐ изгледа само така можеме да кажеме дека сме во тек со актуелноста.
Си бил еднаш еден народ
кој зборувал на многу јазици.
И имал многу имиња
- оти освоил многу светови.
И оставил многу пред себе
- за да најде повеќе зад себе.
Слепченскиот манастир посветен на Светиот Јован Претеча е духовно жариште кое изнедрило мноштво монаси – духоносци кои неуморно работеле на нивата Господова принесувајќи стократни плодови од кои до ден денес се ползуваат гладните за Словото Божјо.
Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, беззакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и главата Претечева да ја отсечеш. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.