Тропар на светиот Христов патријарх Јован Милостив 12 ноември / 25 ноември 2023
Поради милоста своја Бог се овоплоти,
о блажен Јоване,
поради љубовта своја Христос
на крсна смрт се предаде,
а душата твоја во своето сиромаштво,
со Него се обогати.
Поради милоста своја Бог се овоплоти,
о блажен Јоване,
поради љубовта своја Христос
на крсна смрт се предаде,
а душата твоја во своето сиромаштво,
со Него се обогати.
Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 25 ноември, сабота, во 21.30 минути со српскиот документарно-игран филм посветен на големиот Светител Јаков Тумански, на Coolture- Србија, ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, а чиј продуцент е и г-дин Милан П. Киќевац, кој по овој повод има и интервју за МИА.
Кај мнозинството луѓе, душата е потчинета на телото и се стреми кон тоа, да служи на неговите страсти, наклонета е кон презаситен живот со многу задоволства. На оваа душа треба да ѝ се погубат, истребат сите нејзини ниски телесни барања, кои го сквернават и телото и самата душа.
Свети апостол Павле се обраќа на Римјаните кои поверувале во Христа,
Немој да се мачиш со завист, бидејќи со тоа не го запираш успехот на оној кому му завидуваш, туку само си ја ставаш душата во пеколот. Немој да се мачиш со омраза дури ни кон најголемиот непријател, бидејќи со тоа не му наштетуваш на оној кој го мразиш, туку само си ја разјадуваш душата.
Како собеседник на Бесплотните,
и соподвижник на мачениците,
ние кои со вера се собравме те пофалуваме, Мино.
Измоли од Бога мир за светот и
за душите наши голема милост
Се сеќавам на нешто што ни го зборуваше старец Порфириј. Тој сакаше да ми објасни како Е МОЖНО да му се помогне на човека, а потоа истиот тој човек кому му е помогнато не само да се расрди и да не му помогне, туку за возврат да му наштети на оној којшто му помогнал. Старецот велеше: „Тоа е нешто што е природно.“ Го прашав: „Природно?“ „Да мил мој.
„Памтењето на злото е како трн забоден во душата“.
Тогаш зошто го памтиш злото, зошто носиш трн во душата,
зошто се гневиш кога полесно е да простиш,
да заборавиш и да сакаш, отколу тој јад да го носиш во себе?
Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи.Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја.
За да се стане човек, треба да се помине долг пат:
а за да се стане син Божји, потребно е да се помине неспоредливо подолг пат.
Се' се состои во тоа:
Како што пчелата во кошот скришно ги прави сотовите, така и Божјата благодат тајно
ја создава љубовта вo срцата. Така ја претвора и горчината во сладост и грубоста на срцето -
вo нежност. И како што златарот и резбарот, правејќи ги
своите украси на некој предмет ги прават постепено,
Икона на Мајката Божја која што се наоѓа во келијата на Свети Нектариј Егински на островот Егина во Грција, и која е направена на Света Гора специјално за него по Божјо видение. За ова икона тој ја напишал химната за Богородица “Света Дево”. Од иконата се шири огромна благодат и благоухание.
Љубовта од народот го придружувала Нектариј. Но, до крајот на животот тој морал да го носи крстот на прогонството и името на митрополит во немилост кој не припаѓа на никоја автокефална црква. Едно време за него се појавила надеж за промена на таквата состојба; кога александрискиот престол го зазел новиот Патријарх Фотиј.
Сите монаси на Света Гора Атонска ги опфати радосно восхитување, гледајќи како Ти го спаси богобојажливото момче кога безумните златољупци го фрлија во морето со камен на вратот. Поради тоа, обителта која го прими, красејќи се со твоето име, благодарно повика кон ГосподаАлилуја!
Нашиот Бог е насекаде присутен и Е Светлина во помрачената вселена. Се што е добро е од Него, зашто Он е љубов и не повикува да заедничиме со Неговата љубов. Неговата светлина не осветлува дури и кога бираме да живееме во темнина, зашто Он е насекаде и исполнува се. Нашето неверие во никој случај не го поништува Неговото присуство, ниту пак го негира фактот дека Он Е Бог.
На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од развратните страсти, ние сме во постојана борба да го сопреме истекувањето и губење на благодатта од нас. Додека ги преобразуваме страстите, нашиот духовен живот е непостојан и често се случува духовно да паѓаме и