Академик Витомир Митевски: Говор на промоцијата на „Слова за Словото“ од г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски
Уште при прво читање, паѓа в очи не само разнородната содржина туку и низа јазични, стилски и композициски обележја кои упатуваат не само на продуховен туку и на широко образован автор со изграден стил и префинет и длабоко осмислен начин на изразување. Меѓу другото, добрите познавачи на беседништвото во антиката и во византискиот свет, тука ќе препознаат многу траги од таа блескава традиција чии носители се славните имиња на