Свети Максим Исповедник - Потребно е со разумот, наместо со незнаењето, да се издигнуваме...
Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата, кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него – омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи нѐ да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.