Пред да слушаме за Небесното, треба да се научиме на елементарна култура!
Од устата на еден црковен човек можев да слушнам горчливи зборови за тоа дека културата е расцрковена, а Црквата – обескултурена. Ваквиот оправдан гнев е резултат на постоење поети и писатели коишто никогаш не го прочитале Евангелието, а исто така и резултат на постоење христијани коишто со презир се однесуваат кон сета поезија и литература.