Старец Порфириј за послушанието
Можеби најпогрешно сфатена тема од страна на христијаните, како и за оние што се надвор од Црквата, е послушанието. А сепак, послушанието е основа не само на нашиот однос со Христа, туку и со полнотата на црковниот живот. Послушание кон Светото Предание, кон нашиот епископ и кон нашата совест, сето тоа служи за да нѐ соедини со Бога и со нашите браќа и сестри во Христа.