Јована Матевска Атанасова: Живот во девет квадрати
Никој не ми кажал дека да се биде сиромашен е злодело. Честопати сме дочекани како крадци, се гадат од нас. Знам дека овие претпоставки за нашата чесност ја болат мама и затоа штом забележам дека веѓата се спрема да ѝ избега од челото, ја фаќам цврсто за раче и ја стегнувам.