За просфората : „нешто што се принесува, или бескрвна жртва“
Просфората e ранохристијанска традиција која потекнува од првиот век. Таа е специјален леб кој е печен и принесен на Црквата и се подготвува зa светото заедничарење(причестување). Зборот просфора значи нешто што се принесува, или бескрвна жртва која ја симболизира Крсната жртва на нашиот Господ Исус Христос.